НАЈНОВА ИНФОРМАЦИЈА: Голем пожар вечерва беснее на Галичица

Пожар вечерва околу 19 часот избил во Националниот парк Галичица. Информацијата за „OhridNews“ ја потврдија од Професионалната противпожарна единица од Охрид, чии екипи веднаш по дојавата од граѓани се упатиле кон местото каде беснее огнената стихија.

Се претпоставува дека пожарот е предизвикан од човечки фактор, а поради непристапниот терен и слабата видливост, пожарот засега само се набљудува, па во раните утрински часови екипите за гаснење ќе се упатат на местото зафатено од пожарот

На одредени места од северозападна Италија паднаа 200 цм снег – погледнете како изгледа тоа

Делови од северозападна Италија буквално се отсечени од светот поради обилните снежни врнежи.

На некои места снежната покривка веќе достигна и до 200 цм.

Следните фотографии доаѓаат од скијачното место Прато Невозо кое се наоѓа на надморска височина од околу 1600 метри.

Еве какво време ќе ни донесе денот пред викенд (петок)

И утре (23.12.2016) под влијание на висок воздушен притисок и на стабилна и сува воздушна маса времето во Македонија ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец кој повремено на некои места ќе се засилува.

На повисоките места и на планините северниот ветер ќе биде со умерен, повремено и со засилен интензитет и ќе достигнува брзина од околу 40 км/час.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -9 до -2 степени.
Максималната температура ќе се движи во интервал од 5 до 12 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Голема загаденост на воздухот во Скопје – погледнете кои населби утрово се најзагадени

И ова утро воздухот во Скопје и Македонија е загаден. Според мерењата на Министерството за животна средина и просторно планирање, утрово во Скопје најзагадено е кај Ректорат со концентрација од 215,18 мг/м3 ПМ 10 честички.

Следи Гази Баба со 201,97, Лисиче 190,51, Центар 190,44, и Карпоп со 112,86 мг/м3 ПМ 10 честички. Во Битола се измерени со 105,48, во Кичево 105,21 , Тетово 131,59, Велес 64,03, Кочани 95,42 и во Кавадарци 150,99 мг/м3 ПМ 10 честички.

Погледнете какво време ќе имаме до крајот на денешниот ден (четврток)

Под влијание на висок воздушен притисок и на стабилна и сува воздушна маса која веќе подолго време е над територијата на Македонија како и во поголем дел од Европа условува стабилно и суво време без никакви врнежи.

Денес (22.12.2016) времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој во источните предели како и на повисоките места и на планините повремено ќе се засилува.

Температурата ќе се движи во интервал од 3 до 10 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Погледнете ги денешните температури во Македонија измерени во 07:00 часот

Времето утринава во Македонија: Ведро и СТУДЕНО со мала локална облачност и со слаб до умерен северен ветер кој Долж Повардарието и во источните предели повремено се засилува.

На следната карта можете да ги погледнете денешните температури во Македонија измерени во 07:00 часот.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Важни информации: Погледнете каде има пренасочување на сообраќајот во Македонија

ПРЕНАСОЧУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈ: Сообраќајот на А3 Битола-Ресен кај населба Баир од 18:30 часот е во прекин поради протест на граѓани. Сообраќајот се пренасочува низ улиците на градот Битола.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по претежно суви коловози на пониските места, додека на повисоките места коловозите се наместа влажни.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15-ти Ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2017 година.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

РАБОТИ НА ПАТ:

Градежната компанија Трансмет Доо Скопје изведува градежни работи за реконструкција на државен пат А2, делница: Обиколница Скопје, од клучка Сингелиќ до клучка Смилковци. Со почеток од 02.12.2016 година се воведува времена измена на режим на сообраќај, согласно Одобрение број 22.2-72149/2 со датум 18.11.2016 година издадено од Министерството за транспорт и врски на РМ, односно сообраќајот се одвива по левата коловозна лента /правец клучка Сингелиќ-клучка Стајковци/ во двата правци а десната коловозна лента е затворена за сообраќај заради изведување градежни работи.

Од 03.12.2016 година извршена е измена на режимот на сообраќај на делница автопат Куманово-Скопје од 29+600 до 30+772 километар, населба Миладиновци. Затворена е за сообраќај лентата за застанување каде се одвиваат градежни работи, а сообраќајот се одвива по брзата и средната лента.

ГД Гранит АД Скопје поради градежни активности на автопатот А1, коридор 10 од 114+673 км. до 126+272 км. од 22.11.2016 (вторник) ќе воспостави времен режим на сообраќај на автопатот А1, коридор 10 од клучка Неготино до клучка Демир Капија. Сообраќајот ке се одвива во насока од Скопје кон Гевгелија и Атина по регионалниот пат Р1102.

Од 20.06.2016 година е воспоставена времена измена на режим на сообраќај на магистрален пат А3, делница клучка кај с.Кадрифаково – клучка кај с.Три Чешми. Пренасочувањето на сообраќајот е по регионалниот пат Р526.

Oд 15.01.2016 година, на патниот правец Кадрифаково – Штип, од км. 217+818 до км. 219+918, од 08:00 – 16:00 часот ПРО ГЕО ДОО КУМАНОВО врши геодетски мерења согласно добиените дозволи. Имено, се врши геодетско снимање на асфалтниот дел од трупот на патот на потегот од Клучка Штип до с. Три Чешми. Сообраќајот во моментот на мерењето се одвива согласно Сообраќаен проект за времено одвивање на сообраќајот и со соодветна сообраќајна сигнализација.

Градежно Друштво “Гранит” АД Скопје РЕ Свети Николе – Штип изведува градежни работи за градба на државниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од км 26+396,00 до км 47+107,00. Со почеток од 21.05.2015 целосно е затворена делницата од км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково) и ова затворање ќе трае до целосно завршување на активностите (период од 2 години). Целокупниот сообраќај се пренасочува преку регионалниот пат P 1204. Сите активности се во согласност со Одобрението за времен режим на собраќај бр.1005 од 28.мај.2014 година издадено од Министерството за транспорт и врски на Р.Македонија .

Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим и тоа:
– од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово,
– и од с. Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково.

Патниот правец Р2137 Неготино – Војшанци поради санација на мостот на река Вардар е затворен за сообраќај. Сообраќајот се пренасочува преку патниот правец Р2137 Војшанци – Бистренци – Корешница – Демир Капија и обратно.

На 27.11.2016 година во 11:30 часот целосно е затворен за сообраќај регионалниот пат Р1309 с.Грдовци-с.Зрновци, поради рушење на мостот на река Брегалница и изградба на нов мост.

Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.