Голема загаденост на воздухот во Македонија – погледнете каде е најзагаден воздухот вечерва

Поради многу ниските температури во текот на вечерните и ноќните часови граѓаните во Македонија ги палат своите огнови, поради ова најчесто доаѓа до загаденоста на воздухот.

Сепак најзагаден воздухот оваа вечер е во главниот град Скопје.

Еве колку изнесува загаденоста на воздухот оваа вечер во Скопје

Граѓаните на Скопје по можност што помалку да излегуваат од своите работи затоа што таму водухот е најмногу загаден.

Загаденоста на воздухот секако дека го предизвикува и антициклонот кој е распростран над Македонија и истиот не дозволува да има никакви врнежи.

ОФИЦИЈАЛНО: Зимата календарски започнува утре (среда)

ОФИЦИЈАЛНО: Зимата календарски започнува утре (среда)

Зимата во Македонија и на северната хемисфера на Земјата ќе почне утре во 11 часот 44 минути. Во истовреме на јужната Земјина полутопка ќе почне летото.

На почетокот на зимата денот е најкраток, а ноќта најдолга.

Сонцето утре (среда) ќе изгрее во 6 часот и 58 минути, а ќе зајде во 16 часот и 5 минути. Денот ќе трае 9 часа и 7 минути.

И покрај тоа што зимата календарски ни започнува барем засега вистинска зима и снежна идила нема да има што значи дека и во текот на следниот период под влијание на висок воздушен притисок и на стабилна и сува воздушна маса времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури додека дневните ќе бидат повисоки во однос од изминатиот период кога и во текот на денот беше многу студено.

По котлините ќе има услови за појава на слаба магла во претпладневните часови.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

 

Вакво време ќе имаме до крајот на денешниот ден (вторник)

Поради влијанието на високиот воздушен притисок и стабилната и сува воздушна маса до крајот на денешниот ден (вторник) времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност.

Ќе биде претежно тивко додека Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветерод северозападен правец.

Температурата ќе се движи во интервал од 5 до 12 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Минусни температури насекаде во Македонија – овие се денешните минимални температури

Во текот на изминатата ноќ времето во Македонија беше ведро и МНОГУ СТУДЕНО додека во југозападните предели имаше умерена локална облачност.

Претпладнево времето е сончево и релативно студено со мала локална облачност во југозападните предели. По некои котлини има и слаба магла.

Овие се денешните вредности на минималните температури измерени во Македонија:

Берово -12°C, Скопје Петровец -10.7°C, Демир Капија -9.6°C, Струмица -9°C, Битола -8.6°C, Тетово -8.5°C, Скопје Зајчеврид -8.2°C, Штип -8°C, Прилеп -7.4°C, Гевгелија -7.2°C, Крива Паланка -6.3°C, Лазарополе -4.8°C, Претор -4.4°C, Виница -4°C, Охрид -3.9°C, Тополчани -2.8°C, Пожаране -2.2°C и највисока температура од -1.1 е измерена на Ѓуриште.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Утринава СИЛЕН земјотрес од 5.5 степени според рихтер ја стресе Грција

Утринава во 08:03 часот Грција ја стресе СИЛЕН земјотрес со интензитет од 5.5 степени според рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот беше на 23 км јужно од островот Кефалос и истиот е регистриран на 133 км длабочина.

Нема информации за повредени и за материјална штета.