Годишно обраќање на директорот на Метеомакс.мк Славчо Попоски

Почитувани оваа 2016 година ми е најубавата година во мојот живот која ми донесе голем број на успеси во метеорологијата, најголемиот успех ми е што за прв пат се појавив и на малите екрани а сум учествувал и во емисии кои се емитуваа во живо и тоа на најслушаното радио во Македонија – Супер радио Охрид.

Исто така понатаму сум поканет и во други емисии кои се емитуваат на малите екрани но за тоа навремено ќе ве информирам кога точно ќе биде.

Сакам јавно да ви се заблагодарам за огромната доверба и поддршка која ја добивам буквално од сите! Бидете ми здрави, живи и весели и нека и на вас новата 2017 година ви приреди голем број изненадувања и успеси.

Со почит – СЛАВЧО ПОПОСКИ!

Антициклонот продолжува: Еве што ни носи утрешниот ден (вторник)

Под влијание на висок воздушен притисон и на стабилна и сува воздушна маса утре (20.12.2016) времето во Македонија ќе биде претежно сончево додека во југозападните предели ќе има умерена облачност која повремено и локално е можно да се зголемува.

Ќе биде претежно тивко додека Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -9 до -2 степени, на повисоките места и на планините температурите можно е да бидат и пониски.

Максималната температура ќе се движи во интервал од 5 до 12 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Првиот ден од оваа недела повторно со сибирски температури: Овие се минималните температури измерени во Македонија

Првиот ден од новата недела ни донесе ведро и МНОГУ СТУДЕНО утро со многу ниски температури на воздухот каде насекаде низ земјава беа негативни.

Овие се измерените вредности на денешните минимални температури на воздухот во Македонија:

Берово -12°C, Скопје Петровец -10.2°C, Демир Капија -9.8°C, Битола -8.9°C, Струмица -8.6°C, Штип -8°C, Тетово -8°C, Прилеп -7.6°C, Гевгелија -7.2°C, Скопје Зајчеврид -7°C, Крива Паланка -6.6°C, Лазарополе -5.1°C, Претор -4°C, Виница -3.9°C, Охрид -3.6°C, Тополчани -3.2°C, Пожаране -2.2°C, и највисока температура од -2°C е измерена на Ѓуриште.

Највисока температура во текот на денешниот ден е измерена во Гевгелија и тоа 12°C со што минималната и максималната температура денес во овј град се разликуваше дури за 19 степени што е навистина многу голема разлика на минималната и максималната температура.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!