Вакво време ни носи првиот ден од новата недела (понеделник)

Новата недела ќе ја започнеме со стабилно и суво време без врнежи.

Територијата на Македонија ќе биде под влијание на висок воздушен притисок и на стабилна и сува воздушна маса па поради тоа времето ќе биде претежно сончево и малку потопло преку денот за разлика од изминатите денови.

Во вечерните часови особено во западните предели ќе има умерена локална облачност.

Наутро повторно ќе биде МНОГУ СТУДЕНО кога температурите насекаде ќе бидат негативни и ќе се движат во интервал од -10 до -3 степени. Повтоно на повисоките места и на планините температурите е можно да се спуштат под -10 степени.

Максималната температура ќе се движи во интервал од 5 до 11 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Конечно потопло преку ден: Денешниот неделен ден донесе малку повисоки максимални температури

Денешниот неделен ден помина во знакот на стабилно, суво и сончево време со умерена локална облачност која повеќе ја имаше ви северните предели.

Дуваше слаб до умерен ветер од северозападен правец особено Долж Повардарието.

Овие се измерените вредности на денешните неделни максимални температури на воздухот:

Скопје Петровец 2.6°C, Виница 3°C, Тополчани 3°C, Ѓуриште 3.6°C, Пожаране 4°C, Прилеп 4.4°C, Скопје Зајчеврид 4.5°C, Штип 4.6°C, Демир Капија 4.6°C, Битола 5.1°C, Струга 5.5°C, Тетово 5.6°C, Струмица 5.6°C, Крива Паланка 5.9°C, Лазарополе 6.6°C, Охрид 6.9°C, Маврово 7°C, Берово 7.1°C, Претор 8.4°C и најтопло денес беше во Гевгелија каде температурата на воздухот достигна до 12°C.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Вакво време ќе имаме до крајот на денешниот неделен ден

Денес (18.12.2016) под влијание на антициклон и на стабилна и сува воздушна маса времето во Македонија ќе биде сончево и малку потопло преку ден со умерена локална облачност особено во северните предели.

Во поголемиот дел од земјава ќе дува слаб ветер од променлив правец додека Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Температурата ќе се движи во интервал од 3 до 10 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

ПОЛАРНИ ТЕМПЕРАТУРИ: Најниската температура утрово во Македонија -15.3°C

Под влијание на МНОГУ СТУДЕНА воздушна маса со потекло од североисточна Европа во текот на изминатата ноќ како и утринава времето во Македонија беше ведро и МНОГУ СТУДЕНО со мала локална облачност.

Претпладнево времето е сончево со умерена локална облачност особено во северните предели.

Овие се измерените вредности на денешните минимални температури во Македонија:

Берово -15.°C Скопје Петровец -10.7°C, Лазарополе -10.6, Демир Капија -9.6°C, Струмица -9.1°C, Тетово -9°C, Битола -8.6°C, Штип -8.6°C, Крива Паланка -8.4°C, Прилеп -7.9°C, Лазарополе -7°C, Скопје Зајчеврид -7°C, Ѓуриште -6.5°C, Виница -6°C, Гевгелија -5.8°C, Претор -5.6°C, Охрид -5.5°C и највисока температура од -4.7°C утрово е измерена во Тополчани.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!