Студен бран во Македонија: Вакво време не очекува за време на овој викенд

Утре (17.12.2016) времето во Македонија ќе биде сончево и релативно студено со мала локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер кој Долж Повардарието ќе биде од северозападен правец додека во западните предели истиот ќе биде од североисточен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -10 до -3 степени додека на повисоките места и на планините температурит ее можно да се спуштат под -10 степени.

Максималната температура ќе се движи во интервал од 0 до 7 степени.

Многу студено утро ќе имаме и во недела кога минималните температури ќе се движат во интервал од -11 до -4 степени додека на повисоките места и на планините повторно истите можно е да бидат пониски од овие вредности.

Максималната температура во недела ќе биде во мал пораст и ќе се движи во интервал од 2 до 10 степени.

Стабилното и суво време ќе се задржи и во недела.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Насекаде негативни температури: Овие се измерените температури од денешното петочно утро

Во текот на изминатата ноќ како и утринава како што најавивме температурите насекаде беа негативни а времето беше ведро со умерена облачност додека локално имаше и зголемена облачност а утринава провејување на снег имаше во Крива Паланка како и во западните планиниски места.

Овие се измерените вредности на температурата на воздухот ова утро низ Македонија:

Берово -6°C, Битола -4.8°C, Тетово -4°C, Демир Капија -3.8°C, Ѓуриште -3.8°C, Охрид -3.7°C, Штип -3.5°C, Струмица -3.4°C, Скопје Петровец -3.3°C, Прилел -3.1°C, Претор -2.8°C, Гевгелија -2.5°C, Скопје Зајчеврид -2.5°C, Виница -2.4°C, Крива Паланка -2.2°C и Пожаране -2.2°C.

Поради облачноста која ја имавме во текот на изминатата ноќ и утринава температурите не успеаа да се спуштат премногу ниско но сепак беше многу студено.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Провејување на снег особено на планините: Погледнете што точно не чека до крајот на денешниот ден (петок)

Денес (16.12.2016) времето во Македонија ќе биде умерено, во западните и северозападните предели значително облачно со услови за повејување на слаб снег особено на планините.

Повеќе сончеви периоди ќе има во источната половина од Македонија.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец кој локално особено во западните предели повремено ќе се засилува.

Ќе биде СТУДЕНО со максимална температура на воздухот која ќе се движи во интервал од 1 до 8 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Како што најавивме вчера: Во овој момент провејување на снег во северозападните планински места

Како што најавивме во текот на вчерашниот ден ова претпладне веќе во северозападните но и во западните и северните предели има зголемена облачност а локално провејува и слаб снег особено во Крива Паланка и во северозападните предели и  тоа особено на планинските места.

Поточно снег во овој момент провејува на Попова Шапка и на Маврово.

На следните две фотографии можете да ја погледнете моменталната временска состојба на Попова Шапка  и на Маврово:

Провејувањето на слаб снег ќе продолжи и во текот на денешниот ден во овие предели.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!