Повеќе облаци и услови за локално и слабо провејување на снег

Денес (15.12.2016) времето во Македонија ќе биде умерено, на некои места значително облачно и релативно студено.

Ќе има услови и за локално провејување на слаб снег особено во северните предели.

Ќе дува слаб со умерен а Долж Повардарието и во источните предели повремено засилен ветер од северен правец.

Температурата ќе се движи во интервал од 3 до 10 степени додека во северните предели температурата ќе остане нешто пониска.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!