СТУДЕНИОТ БРАН И ПОНАТАМУ ПРОДОЛЖУВА: Погледнете што не чека утре (петок)

Утре (16.12.2016) поради влијанието на студената воздушна маса која се спушта од североисточна Европа времето во Македонија ќе биде сончево и студено со умерена облачност.

Во текот на денот ќе има локално зголемување на облачноста особено во северозападните предели каде особено на планините ќе има услови за провејување на слаб снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец кој во западните предели повремено ќе се засилува.

Температурата ќе се движи во интервал од 1 до 8 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Многу студено ќе биде и утрешното петочно утро – погледнете ги очекуваните температури на воздухот

Во текот на претстојната ноќ времето во Македонија ќе биде ведро и МНОГУ СТУДЕНО со умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Температурите повторно насекаде ќе бидат под нулата и ќе се движат во интервал од -9 до -2 степени.

  • Територијата на македонија и понатаму ќе биде под влијание на студена воздушна маса која се спушта од североисточна европа што значи дека студеното време ќе продолжи до крајот на оваа недела.
  • На следната метеоролошка карта можете да ги погледнете очекуваните температури на воздухот за утрешното петочно утро низ Македонија:
  • Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

Повеќе облаци и услови за локално и слабо провејување на снег

Денес (15.12.2016) времето во Македонија ќе биде умерено, на некои места значително облачно и релативно студено.

Ќе има услови и за локално провејување на слаб снег особено во северните предели.

Ќе дува слаб со умерен а Долж Повардарието и во источните предели повремено засилен ветер од северен правец.

Температурата ќе се движи во интервал од 3 до 10 степени додека во северните предели температурата ќе остане нешто пониска.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Астрономски календар – погледнете колку ќе трае денешниот ден

Денес е четврток, 15 декември 2016 година, 350-иот ден во годината.

Сонцето изгреа во 6:54, а ќе зајде во 16:04 часот.

Денот ќе трае 550 минути.

Месечината денес ќе изгрее во 18:00 часот а ќе зајде утре изутрина во 08:51 часот.