Јужните предели на Русија под ДЛАБОК снег (ГАЛЕРИЈА)

Уживајте во прекрасната снежна галерија која доаѓа од јужните предели на Русија:

Погледнете какво време ни носи утрешниот ден (четврток)

Територијата на Македонија и понатаму ќе биде под влијание на студена воздушна маса која се спушта од северните географски широчини.

Поради тоа утре (15.12.2016) времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност а во северните предели со позначлителна облачност каде ќе има услови за локално провејување на слаб снег.

Ќе дува умерен, Долж Повардарието и во источните предели засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -8 до -2 степени.
Максималната температура ќе се движи во интервал од 3 до 10 степени.

Во северните предели температурите ќе останат нешто пониски.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

ЕКСТРЕМЕН СТУД: Денес во делови од североисточна Европа измерени температури дури од -38°C

Поголемиот дел од Европскиот континент овие денови е зафатена од МНОГУ СТУДЕНА воздушна маса која е со потекло од североисточна Европа.

Температурите се далеку под нулата во поголемиот дел од Европа, исто така многу студено е и во Македонија каде во текот на денешното утро во Берово температурата се спушти до -13°C.

Најстудено е во североисточните предели од Европа каде температурите се спуштаат дури и до -38°C

На следната карта можете да ги погледнете денешните измерени температури низ цела Европа:

Овие температури кои ги гледате на оваа карта се измерени во 13:30 часот.

Интересо е тоа што разликата меѓу североисточна  и југозападна Европа е премногу голема што значи додека во североисточна Европа се мерат температури од -38 степени во југозападна Европа ситуацијата е сосема различна каде се мерат температури од околу 25 степени над нулата.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Погледнете какво време може да очекуваме до крајот на денешниот ден (среда)

Денес (14.12.2016) времето во Македонија ќе биде сончево и релативно студено со умерена локална облачност.

Во попвладневните и во вечерните часови ќе има локално зголемување на облачноста.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен а во западните предели од југозападен правец.

Температурата ќе се движи во интервал од 1 до 8 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Утрово најстудено во Берово – погледнете ги измерените температури

Поради ведрото време во текот на изминатата ноќ и утринава времето беше многу студено со многу ниски температури на воздухот.

Овие се измерените вредности:

Берово -13°C, Скопје Петровец -11.2°C, Крива Паланка -10.9°C, Лазарополе -10°C, Прилеп -10°C, Штип -9.5°C, Битола -9°C, Демир Капија -9°C, Тетово -9°C, Пожаране -8.7°C, Тополчани -8.7°C, Скопје Зајчеврид -8.3°C, Струмица -8.3°C, Виница -7.6°C, Претор -7.5°C, Ѓуриште -7.2°C, Охрид -6.5°C и највисока температура утрово е измерена во Гевгелија и тоа -5.8°C.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!