Утре (вторник) ЗАСИЛЕН северен ветер со удари од над 70 км/час
Поради веќе споменатиот продор од североисток но и поради различноста на воздушниот притисок во Македонија утре (13.12.2016) ќе дува ЗАСИЛЕН ветер од северен правец кој особено Долж Повардарието и во источните предели на некои места ќе достигнува брзина од околу или над 70 км/час.
Поради ветерот од северен правец утре неколку региони во Македонија ќе бидат во жолта предупредувачка фаза.
Исто така во претпладневните часови сеуште ќе има услови за локално провејување на слаб снег.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -5 до 3 степени.
Максималната температура ќе се движи во интервал од 0 до 8 степени.
Многу студено утро ќе имаме во среда кога минималните температури ќе се движат во интервал од -10 до -3 степени.
На повисоките места и на планините температурите ќе паднат и под -10 степени.
Напомена: Денец доцна попладне и навечер на некои пониски места можно е проврнување на слаб дожд или дожд и снег.
Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!