Утрово почувствуван нов земјотрес во Македонија

Викендов регистрирани се многу земјотреси како на Балканот, така и во Европа. Ова утро се тресе Турција, се тресе и Италија, а бил регистриран потрес и во Македонија.

Пред шест часа земјотрес од Грција бил почувствуван во Македонија со јачина од 2,5 степени. според рихтер.

 

Понеделник ни носи промена на времето: Дознајте што може да очекуваме

Утре (12.12.2016) поради продор на студена воздушна маса од север облачноста во Македонија ќе се зголемува со што ќе започне да дува умерен, Долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Ќе има и локално провејување на снег особено во доцните попладневни и во вечерните часови.

На некои пониски места ќе има услови за проврнување на дожд и снег.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -4 до 5 степени.
Максималната температура ќе се движи во интервал од 5 до 12 степени меѓутоа во доцните попладневни и во вечерните часови ќе започне да опаѓа.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Утринава имаме нешто повисоки температури за разлика од изминатите денови

Денешното неделно утро ни донесе ведро време над целата територија на Македонија но и нешто повисоки температури на воздухот и покрај тоа што на повеќе места истите беа негативни.

По одделни котлини има и слаба магла.

Овие се минималните температури на воздухот измерени денес (недела):

Берово -7.2°C, Скопје Петровец -6.8°C, Демир Капија -5.6°C, Тетово -5.2°C, Штип -3.8°C, Струмица -3.8°C, Битола -3.7°C, Скопје Зајчеврид -3°C, Прилеп -2.4°C, Крива Паланка -1.9°C, Лазарополе -1.3°C, Охрид -1°C, Виница -0.2°C, Гевгелија 0°C, Претор 0.6°C, Тополчани 1.2°C, Пожаране 3.1°C и ова утро најтопло е во Ѓуриште каде се измерени 4.4°C.

Во текот на денешниот ден температурите значително ќе се покачат и ќе се движат во интервал од 10 до 18 степени и истите ќе бидат значително повисоки од просечните.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Сите вие што сте на терен: Погледнете какво време ќе имаме до крајот на денешниот ден (недела)

Денес (11.12.2016) територијата на Македонија и понатаму ќе биде под влијание на стабилна, сува и релативно топла воздушна маса од јужните географски широчини.

Поради тоа денес времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност.

По одделни котлини во претпладневните часови ќе има услови за слаба магла.

Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец особено во западните предели.

Температурата ќе се движи во интервал од 10 до 18 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!