ПРОЛЕТ ВО ЗИМА: Во Македонија денес измерени 17.4 °C

Денешниот саботен ден помина во знакот на прекрасно сончево и релативно топло време со натрпосечни температури на воздухот.

Овие се измерените вредности на температурата во текот на денешниот саботен ден:

Скопје Петровец 7.9 °C, Виница 8.6 °C, Тетово 9 °C, Скопје Зајчеврид 9 °C, Охрид 9.1 °C, Штип 9.2 °C, Пожаране 10 °C, Демир Капија 10.2 °C, Лазарополе 10.6 °C, Битола 11.3 °C, Претор 11.4 °C, Прилеп 11.8 °C, Берово 12.2 °C, Крива Паланка 13 °C, Струмица 13.6 °C и најтопло денеска беше во Гевгелија каде се измерени дури 17.4 °C.

Ова релативно топло време за овој дел од годината е поради продорот на значително потопла воздушна маса од јужните географски широчини.

Релативно високи температури за овој дел од годината ќе се мерат и во текот на утрешниот ден (недела).

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Во понеделник и во вторник ЗАСИЛЕН СЕВЕРЕН ветер и услови за локално провејување на слаб снег

Во понеделник и во вторник поради продор на СТУДЕНА воздушна маса од север ќе дува ЗАСИЛЕН ветер од северен правец кој ќе предизвика позначително опаѓање на дневните температури на воздухот.

Зголемување на облачноста ќе има во понеделник кога во доцните попладневни и вечерни часови како и во текот на ноќта кон вторник и во вторник во претпладневните часови ќе има услови за провејување на локален слаб снег.

Услови за мешавина од дожд и снег ќе има во јужните предели.

Во понеделник минималните температури ќе се движат во интервал од -4 до 4 степени додека максималните температури ќе се движат во интервал од 6 до 12 степени меѓутоа во доцните попладневни и вечерни часови ќе започне да опаѓа.

Во вторник минималните температури ќе се движат во интервал од -4 до 3 степени додека максималните ќе бидат уште пониски и ќе се движат во интервал од 2 до 9 степени.

Многу студено утре ќе имаме во среда кога минималните температури ќе се движат во интервал од -9 до -2 степени.

Максималните температури во среда ќе се движат во интервал од 3 до 10 степени.

Деталната временска прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Важна информација за сите: Погледнете што не очекува во текот на утрешниот ден (недела)

Со оглед на тоа дека утре (недела) е денот на изборите и многу од вас ќе бидат на терен во текот на целиот ден па еве ја временската прогноза за утрешниот ден и за тоа што може да очекувате од времето утре:

Утре (11.12.2016) територијата на Македонија и понатаму ќе биде под влијание на висок воздушен притисок и на стабилна и сува но и ТОПЛА воздушна маса од југ.

Поради тоа утре времето ќе биде сончево и релативно ТОПЛО со мала до умерена локална облачност.

Во претпладневните часови по котлините ќе има услови за појава на слаба магла.

Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец особено во западните предели.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -6 до 3 степени.

Максималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 17 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Денот го започнавме со сонце – погледнете што да очекуваме до крајот на денешниот ден (сабота)

До крајот на денешниот ден (сабота) поради влијанието на високиот воздушен притисок времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност.

Долж Повардарието ќе дува умерен ветер од северозападен правец.

Температурата ќе се движи во интервал од 8 до 15 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Сообраќајот без забрани по претежно суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по претежно суви коловози, освен на планинските осојничави места.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

За сите подетални информации јавете се на нашиот дежурен телефон 02/ 25 61 502 или посетете ја нашата веб страница www.makedonijapat.com.mk