Погледнете ги температурните аномалии кој ќе ги имаме за време на овој викенд

Поради влијанието на потоплата воздушна маса од југ во текот на деновите од овој викенд ќе имаме релативно високи температури и истите ќе бидат натрпосечно високи.

Времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност и со претпладневна слаба магла по некои котлини.

Утре (сабота) Долж Повардарието ќе дува умерен ветер претежно од северозападен правец додека во денот (недела) ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец претежно во западните предели.

Утре (сабота) максималните температури ќе се движат во интервал од 8 до 15 степени додека во денот (недела) ќе бидат уште малку повисоки и ќе се движат во интервал од 10 до 17 степени.

Температурите кои се очекуваат за време на овој викенд ќе бидат значително натпросекот и во сабота тие ќе бидат повисоки од просечните за 5 до 7 степени додека во недела дури за 10тина степени повисоки од просекот.

На следните метеоролошки карти самите можете да ги погледнете позитивните отстапување на температурите на воздухот кај нас:

Прва метеоролошка карта: Ден (сабота)

Втора метеоролошка карта: Ден (недела)

Напомена: Во текот на ноќите  и утрата останува релативно студено со што минималните  и максималните температури многу ќе се разликуваат (минималните  и максималните температури ќе имаат разлика дури и за повеќе од 10 степени).

Деталната временска прогноза за време на овој викенд ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

ВИКЕНД ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Погледнете какво време ќе имаме на денот на изборите

За време на претстојниот викенд територијата на Македонија и понатаму ќе биде под влијание на висок воздушен притисок и на стабилна и сува воздушна масa.

Поради тоа времето ќе биде претежно сончево со релативно високи дневни температури кои утре (сабота) ќе се движат во интервал од 8 до 15 степени додека во недела ќе бидат повисоки и ќе се движат во интервал од 10 до 17 степени.

Во претпладневните часови по одделни котлини не се исклучува можноста за појава на слаба магла.

Утре (сабота) Долж Повардарието ќе дува умерен северен ветер додека во недела ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец и тоа претежно во западните предели.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Денешниот ден на многу места релативно топол: Највисоката температура 13.6°C

Над целата територија на Македонија денешниот ден е сончев и на многу места релативно топол.

Ова е поради влијанието на стабилната но и потоплата воздушна маса од југ.

Овие се максималните денешни температури измерени во Македонија:

Виница 4.8°C, Скопје Зајчеврид 5.1°C, Битола 5.5°C, Штип 6.1°C, Демир Капија 6.1°C, Тетово 6.4°C, Скопје Петровец 7.2°C, Струга 7.5°C, Ѓуриште 7.5°C, Тополчани 7.6°C, Прилеп 8.4°C, Охрид 8.4°C, Струмица 8.5°C, Претор 9°C, Крива Паланка 9°C, Пожаране 9.9°C, Лазарополе 10.6°C, Берово 11.3°C и најтопло денес е во Гевгелија каде се измерени 13.6°C.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

Студено утро во Македонија: Погледнете ги измерените температури

Утринава насекаде времето е сончево и релативно студено со појава на слаба магла по одделни котлини.

Овие се минималните температури измерени денес во Македонија:

Берово -9.1°C, Скопје Петровец -8.9°C, Крива Паланка -7.4°C, Демир Капија -7.1°C, Тетово -7°C, Штоп  -6.9°C, Пожаране -6.5°C, Лазарополе -6.4°C, Скопје Зајчеврид -6.1°C, Прилеп -5.6°C, Битола -5.4°C, Струмица -5.4°C, Ѓуриште -4.7°C, Виница -3.5°C, Тополчани -3°C, Гевгелија -2.3°C, Претор -2.2°C и најтопло ова утро е во Охрид каде се измерени -1.8°C.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Погледнете какво време ќе имаме до крајот на денешниот ден (петок)

Денес (09.12.2016) времето во Македонија ќе биде сончево и потопло преку ден.

Во доцните попладневни часови ќе има мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Температурата ќе се движи во интервал од 6 до 14 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!