Можност за одрони на македонските патишта – погледнете каде треба да внимавате

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно попретежно суви коловози, освен на планинските осојничави места.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража,Маврово – Дебар – Струга, Д.Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

За сите подетални информации јавете се на нашиот дежурен телефон 02/ 25 61 502 или посетете ја нашата веб страница:

Македонија Пат

 

Продор на потопол воздух од југ: Од утре (петок) позначителен пораст на температурите

Како што и веќе најавивме од утре (петок) територијата на Македонија ќе потпадне под влијание на потопла воздушна маса од југ која ќе услови позначителен пораст на дневните температури на воздухот.

Поради тоа времето ќе биде сончево и релативно топло.

Во претпладневните часови по некои котлини ќе има сулови за појава на слаба магла.

Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец.

Температурата ќе се движи во интервал од 8 до 15 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Дознајте што не очекува по денешното многу студено утро

Денес (08.12.2016) времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност.

Во претпладневните часови по некои котлини не се се исклучува можноста за појава на магла.

Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Температурата ќе се движи во интервал од 5 до 10 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Многу студено утро во Македонија: Ова утро насекаде се измерени негативни температури

Утрово насекаде времето во Македонија е ведро и МНОГУ СТУДЕНО, мала локална облачност има само во јужните предели.

Овие се минималните температури измерени во Македонија ова утро:

Берово -9°C, Скопје Петровец -9°C, Крива Паланка -8°C, Лазарополе -8°C, Демир Капија -7°C, Тетово -7°C, Штип -7°C, Пожаране -7°C, Скопје Зајчеврид -6°C, Прилеп -6°C, Ѓуриште -5°C, Битола -5°C, Струмица -5°C, Претор -4°C, Тополчани -4°C, Виница -3°C, Охрид -2°C и најтопло ова утро како и вообичаено е во Гевгелија каде се измерени -1°C.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!