Погледнете какво време ќе ни донесе денот (четврток)

Утре (08.12.2016) поради влијанието на веќе споменатиот силен антициклон времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност.

Во претпладневните часови по некои котлини ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност.

Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец.

Температурата ќе се движи во интервал од 4 до 10 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Претстојната ноќ во Македонија повторно многу студена – погледнете ги очекуваните температури

Во текот на вечерните часови како и во текот на претстојната ноќ времето во Македонија ќе биде ведро и МНОГУ СТУДЕНО.

Поради ведрата ноќ температурите насекаде ќе се спуштат под нула степени.

Минималните температури ќе се движат во интервал од -10 до -2 степени.

Ветерот од северен правец кој го имавме во текот на денешниот ден постепено ќе стивнува па поради тоа утре во утринските и во претпладневните часови по одделни котлини не се исклучува можноста за појава на магла и ниска облачност.

Напомена: Доколку излегувате вечерва со себе задолжително понесете ја својата ТОПЛА облека.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Разорен земјотрес ја погоди Индонезија – многу луѓе ги загубија своите животи

Разорен земјотрес со интензитет од 6.5 степени според рихтер утрово ја погоди индонезиската провинција Ачех, наведе претставникот на локалните власти Саид Мулјади.

Во овој разорен земјотре загинаа најмалку 54 лица.

Речиси 300 лица се повредени, од кои 73 се во тешка состојба.

Урнати се најмалку 125 згради, 105 продавници и 14 џамии.

Локалните телевизии прикажаа снимки од округот Пидие Џаја, кој беше најсилно погоден од земјотресот, на кои се гледаат куќи и згради сраменти со земја.

Земјотресот бил почувствуван по 5 часот по локално време со епицентар на 18 километри североисточно од Мидае Џаја, на длабочна од 10 километри, соопти индонезискиот геофизички институт.

 

Фото: Ниските температури од утринава го замрзнаа езерцето во градскиот парк во Скопје

Утрово Скопје е меѓу најстудените градови во Македонија каде се измерени -6 степени.

Ниските температури го замрзнаа езерцето кое се наоѓа во градскиот парк

1536888212622243671327781417666816ohb45y45y54

Најстудено ова утре беше во Берово каде се измерени -8 степени.

Фото + Видео: Незапамтено невреме го погоди Рускиот град Сочи

Рускиот град Сочи доживеа вистинска апокалипса, соочувајќи се со незапаметено невреме кое го потопи речиси целиот град.

Брановите биле толку високи што по само неколку минути, олимпиското село се претворило во еден голем базен. Брановите биле високи и до 5 метри  па водата предизвикала целосна блокада на градот.

sociytj56u56u65

Штетата направена во Сочи е огромна.

Погледнете го видеото од големото невреме во Сочи

https://www.youtube.com/watch?v=Gd7fud7B4_A

 

АМСМ: Погледнете ја состојбата на патиштата и каде има изменет режим на сообраќај

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Патниот правец Р2137 Неготино – Војшанци поради санација на мостот на река Вардар е затворен за сообраќај. Сообраќајот се пренасочува преку патниот правец Р2137 Војшанци – Бистренци – Корешница – Демир Капија и обратно.

ИЗМЕНЕТ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Градежната компанија Трансмет Доо Скопје изведува градежни работи за реконструкција на државен пат А2, делница: Обиколница Скопје, од клучка Сингелиќ до клучка Смилковци. Со почеток од 02.12.2016 година се воведува времена измена на режим на сообраќај, согласно Одобрение број 22.2-72149/2 со датум 18.11.2016 година издадено од Министерството за транспорт и врски на РМ, односно сообраќајот се одвива по левата коловозна лента /правец клучка Сингелиќ-клучка Стајковци/ во двата правци а десната коловозна лента е затворена за сообраќај заради изведување градежни работи.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по претежно суви коловози на пониските и влажни коловози на повисоките планински места.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: На 27.11.2016 година во 11:30 часот целосно е затворен за сообраќај регионалниот пат Р1309 с.Грдовци-с.Зрновци, поради рушење на мостот на река Брегалница и изградба на нов мост.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15-ти Ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2017 година.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

РАБОТИ НА ПАТ:

Од 03.12.2016 година извршена е измена на режимот на сообраќај на делница автопат Куманово-Скопје од 29+600 до 30+772 километар, населба Миладиновци. Затворена е за сообраќај лентата за застанување каде се одвиваат градежни работи, а сообраќајот се одвива по брзата и средната лента.

ГД Гранит АД Скопје поради градежни активности на автопатот А1, коридор 10 од 114+673 км. до 126+272 км. од 22.11.2016 (вторник) ќе воспостави времен режим на сообраќај на автопатот А1, коридор 10 од клучка Неготино до клучка Демир Капија. Сообраќајот ке се одвива во насока од Скопје кон Гевгелија и Атина по регионалниот пат Р1102.

Од 20.06.2016 година е воспоставена времена измена на режим на сообраќај на магистрален пат А3, делница клучка кај с.Кадрифаково – клучка кај с.Три Чешми. Пренасочувањето на сообраќајот е по регионалниот пат Р526.

Oд 15.01.2016 година, на патниот правец Кадрифаково – Штип, од км. 217+818 до км. 219+918, од 08:00 – 16:00 часот ПРО ГЕО ДОО КУМАНОВО врши геодетски мерења согласно добиените дозволи. Имено, се врши геодетско снимање на асфалтниот дел од трупот на патот на потегот од Клучка Штип до с. Три Чешми. Сообраќајот во моментот на мерењето се одвива согласно Сообраќаен проект за времено одвивање на сообраќајот и со соодветна сообраќајна сигнализација.

Градежно Друштво “Гранит” АД Скопје РЕ Свети Николе – Штип изведува градежни работи за градба на државниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од км 26+396,00 до км 47+107,00. Со почеток од 21.05.2015 целосно е затворена делницата од км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково) и ова затворање ќе трае до целосно завршување на активностите (период од 2 години). Целокупниот сообраќај се пренасочува преку регионалниот пат P 1204. Сите активности се во согласност со Одобрението за времен режим на собраќај бр.1005 од 28.мај.2014 година издадено од Министерството за транспорт и врски на Р.Македонија .

Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим и тоа:
– од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово,
– и од с. Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково.

Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.

 

Денес (среда) прекрасен ден: Погледнете што точно не очекува до крајот на денов

Денес (07.12.2016) времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност.

Долж Повардарието ќе дува умерен ветер од северен правец кој повремено ќе се засилува додека во останатите предели ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

12-515gr

Температурата ќе се движи во интервал од 4 до 11 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Студено утро во Македонија – на многу места измерени минусни температури

Утринава времето во Македонија е ведро и студено со слаб северен ветер.

Речиси насекаде се измерени минусни температури ова утро – овие се денешните минимални температури измерени во Македонија:

Берово -8°C, Скопје Петровец -6°C, Крива Паланка -4°C, Тетово -4°C, Демир Капија -4°C, Струмица -4°C, Штип -4°C, Битола -3°C, Скопје Зајчеврид -3°C, Прилеп -2°C, Пожаране -2°C, Охрид -1°C, Виница -1°C, Претор 0°C, Ѓуриште 0°C, Тополчани 2°C и најтопло ова утро е Гевгелија каде се измерени 3°C.

На оваа метеоролошка карта можете да ја погледнете моменталната состојба со облачноста во Македонија:

0609

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!