Детални информации: Погледнете што да очекуваме од времето во следниот период

Во следниот период како што и најавивме ќе продолжи периодот на стабилно и суво време со многу повеќе сончеви периоди што значи врнежите од дожд и снег ќе недостасуваат во Македонија. (Сушен период)

Во петок и за време на викендот поради продор на топла воздушна маса од југ температурите ќе бележат тенденција на позначителен пораст (Пролетен викенд)

ecm1-48

Максималните температури за време на викендот кој доаѓа ќе се движат во интервал од 10 до 16 степени.

Овие очекувани температури се за близу 10тина степени повисоки од просечните.

Барем според моменталните следења и наблудувања поголемо заладување на времето ќе имаме од следниот вторник но дали ова заладување ќе се оствари и што точно ќе ни донесе тоа ќе го дознаете во следните неколку денови кога се ќе биде појасно.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

 

Погледнете што ни носи денот (среда) и дали времето ќе биде за на отворено

Утре (07.12.2016) Македонија ќе биде под влијание на СИЛЕН антициклон кој е со центар во североисточна Европа.

Поради тоа времето ќе биде сончево со мала локална облачност.

Долж Повардарието ќе дува умерен ветер од северен а во останатите делови слаб до умерен ветер од североисточен правец.

gfsopit06_30_1

Температурата ќе се движи во интервал од 5 до 12 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Денес (вторник) позначителна облачност во југозападна Македонија

Денес (06.12.2016) времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност.

Позначителна облачност ќе има во југозападните предели но врнежи оваа облачност нема да донесе.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

ecmopeu00_0_1

Температурата ќе се движи во интервал од 7 до 13 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!