Оваа вечер југозападна Македонија зафатена од не многу влажна воздушна маса

Како што и најавивме во прогнозата за денешниот ден условите за слаби локални врнежи од дожд се остварија и тоа во југозападните предели.

Оваа вечер во југозападните предели поради слабо изразена влажна воздушна маса имаше слаби локални врнежи од дожд на ниските и слаб снег на планините.

pcp24h_web_1

Во останатите предели времето е променливо или значително облачно и суво.

Во текот на оваа ноќ сеуште ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд во југозападните предели додека на планините ќе има услови за слаб снег.

Ќе дува слаб ветер од променлив правец додека на повисоките места и на планините ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Следува ПОГОЛЕМО ЗАТОПЛУВАЊЕ на времето – погледнете ги температурните аномалии кои следуваат

Периодот на стабилно и суво време ќе продолжи и во наредните денови што значи најава за зима  и озбилен снег и понатаму нема на видик.

Исто така во следниот период ќе недостасуваат и врнежите како од дожд така  и од снег (сушен период).

Утре (вторник) ќе има појава на магла и ниска облачност по котлините особено во претпладневните часови додека во среда ќе дува умерен ветер од северен правец кој на некои места ќе се засилува.

Од петок како и за време на викендот поради продор на топла воздушна маса ќе има ПОГОЛЕМО ЗАТОПЛУВАЊЕ на времето во Македонија со што температурите на повеќе места ќе се искачат над 1-тиот степен.

На некои места особено во централните  и југоисточните предели температурите се очекува да се искачат дури и до околу 17 степени.

На следната карта можете да ги погледнете аномалиите на температурите кои се очекуваат за време на викендот кој доаѓа:

gfs_t2ma_eu_26

Очекуваните температури ќе бидат повисоки од просечните за 5 до 7 степени.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

 

 

Антициклоналниот гребен повтотно го загадува воздухот во Македонија – погледнете кои се најзагадените места

Антициклонот кој се наоѓа над Македонија повторно го загадува воздухот.

Периодот на стабилно и суво време без врнежи ќе продолжи и во наредните денови. Утре (вторник) особено во претпладневните часови по котлините ќе има магла  и ниска облачност.

Во среда ќе дува умерен ветер од северен правец кој на некои места ќе се засилува.

Поголемо затоплување на времето и продор на топла воздушна маса од југ ќе имаме од петок.

Утрово во скопскиот регион се измерени концентрации на ПМ10 од 433,18 микрограми на метар кубен, 191,57 кај Ректорат, 184,01 во Лисиче, 165,95 во Карпош, 138,83 во Миладиновци и 109,78 во Центар.

На другите мерни станици се измерени 126,49 микрограми во Битола, во Кичево 148,06, Тетово 95,82, Велес 126,87, Кочани 118,48 и Куманово 83,81 микрограми на метар кубен.

zagaden-vozduh-bih-685x320

 Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Снег падна на Хаваите

Делови од сојузната американска држава Хаваи се зафатени со невообичаено студено време, што предизвика врнежи од снег во повисокте реони и обилни врнежи од дожд во пониските делови од островот.

Весникот „Лос Анџелес Тајмс“ јавува дека изминатите денови паднале 90 сантиметри снег на највисоките планински врвови – Мауна Кел и Мауна Лоа.

weather_lrg_mg_3

Во другите делови од Хаваите поројните дождови предизвикале поплави.

Метеоролошки експерти изјавиле за весникот дека не е невообичаено, снег да паѓа на тропскиот остров, но дека е мошне ретко да падне во толку голем обем, на пониските височини.

На врвовите Мауна Кел и Мауна Лоа кои се високи по четири илјади метри, снег паѓа обично, по пет шест пати во текот на годината, но има зими кога на нив воопшто нема да има снег, како што тоа беше минатата година.

Снегот на двете планини, предизвикал блокада на патиштата до високите терени, на кои се очекува да се најдат љубителите на скијање и ски бординг.

Во другите делови од Хаваите, зафатени со силните дождови, температурата изнесува 20 степени Целзиусови.

Американските метеоролози најавиваат дека ваквото време ќе се задржи на Хаваите и во наредните денови.

Денот (вторник) ни носи поголеми услови за магла по котлините во текот на претпладнето

Утре (06.12.2016) времето во Македонија ќе биде сончево со умерена локална облачност која на некои места повремено ќе се зголемува.

Во претпладневните часови по котлините ќе има магла и ниска облачност.

Во текот на денот ќе биде претежно тивко но во вечерните часови ќе започне да дува слаб до умерен ветер од северен правец.

30-778gr

Минималната температура ќе се движи во интервал од -6 до 2 степени.
Максималната температура ќе се движи во интервал од 6 до 12 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Погледнете какво време ќе ни донесе првиот ден од новата недела

Денес (05.12.2016) времето во Македонија ќе биде сончево со умерена а во јужните предели значително облачно каде ќе има услови за слаб локален дожд.

Ќе дува слаб до умерен втер од југоисточен правец.

gfsopit06_6_5

Температурата ќе се движи во интервал од 5 до 10 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!