Најстудено во Берово: Погледнете ги денешните минимални температури во Македонија

Уште од раните утрински часови во Македонија настапи зголемување на облачноста и утринава времето е умерено, во јужните предели и значително облачно но суво.

Дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Минимални температури измерени во Македонија во текот на денешното утро:

Берово -8.3°C, Крива Паланка -6.7°C, Скопје Петровец -6.6°C, Тетово -4.6°C, Штип -3.9°C, Скопје Зајчеврид -3.5°C, Лазарополе -3.3°C, Виница -3.2°C, Пожаране -2.2°C, Ѓуриште -2.1°C, Струмица -1.8°C, Демир Капија -0.4°C, Охрид -0.3°C, Тополчани -0.1°C, Прилеп 0.4°C, Битола 0.7°C и температура од 1.4°C е измерена во Претор.

4823

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

 

Повеќе облачност: Погледнете што точно ни носи денешниот неделен ден

И натаму територијата на Македонија е под влијание на висок воздушен притисок и на стабилна и сува воздушна маса.

Поради тоа денес времето ќе биде стабилно и суво и без никакви врнежи. Ќе има умерена а на некои места особено оние од јужните предели и значителна облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

12-778gr

Температурата ќе се движи во интервал од 3 до 11 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!