Сабота донесе многу потреси на Балканот и во Европа

Оваа сабота како и сите изминати денови, Балканот не престанува да се тресе, а не престанува ни Европа. Регистрирани се повеќе потреси од рано утринава.

Повеќе земјотреси со различен интензитет има во повеќе делови на Турција, како и Италија.

Се стресе и Грција. Земјотресот бил со јачина од 4,3 степени по Рихтер, потрес кој спаѓа во умерените потреси. се стресе и Албанија, а таму потресот бил со 2,4 степени по Рихтер.

20161010110425

Ноември го испративме – погледнете каков беше овој месец во поглед на температурите кај нас

Ноември месец е позади нас, на самиот крај од овој месец го дочекавме и првиот снег во најголемиот дел од Македонија  и истиот не се задржа долг период.

Првиот снег во Македонија го донесе продорот на многу студен воздух кој се спушти од североисточна Европа кон нашите краишта и истиот во текот на ноќта према 1ви декември донесе  и екстремно ниски температури кои во Берово се спуштија дури до -17°C.

Во Македонија месец Ноември беше просечен со просечни температури на воздухот што значи температурите беа нормални за тој дел од годината и немаше позитивно отстапување на температурите кај нас.

Малку повисоки температури од просечните во текот на месецот ноември имаа нашите севењрни соседи и истите беа повисоки од просечните за 1 до 2 степени.

anom2m_ncep_1611_monthly_europe

Значително пониски температури од вообичените имаа жителите од североисточна Европа каде во текот на Ноември месец во овие делови се забележани екстремно ниски температури дури и под -20°C.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

 

ФОТО: Прекрасна снежна бајка во Закопане, Полска

Уживајте во галеријата и во оваа прекрасна снежна батка која ни доаѓа од Закопане, Полска:

15230833_1912714282284997_2787512319949703010_n

15285050_1912714315618327_3716049371898078418_n

15337384_1912714278951664_7158444639725264033_n

15337611_1912714272284998_1902884438039282540_n

Фото: Severe Weather Europe

 

По екстремно ниските температури изминатите денови денешниот саботен ден донесе многу повисоки дневни температури

Изминатите денови продорот на многу студен воздух од североисточна Европа донесе многу ниски температури на воздухот кај нас и истите беа значително пониски од просечните.

Денешниот саботен ден донесе многу повисоки температури на воздухот и тоа поради јужното воздушно струење и поради продорот на потопла воздушна маса од југ.

timthumb

Највисоките температури на воздухот измерени во текот на денешниот саботен ден:

Лазарополе 5.3 °C, Ѓуриште 8.4 °C, Крива Паланка 8.6 °C, Берово 9 °C, Демир Капија 9.4 °C, Скопје Зајчеврид 9.7 °C, Скопје Петровец 10 °C, Струмица 10.2 °C, Тополчани 10.4 °C, Охрид 10.5 °C, Претор 11.4 °C, Штип 11.5 °C, Прилеп 11.5 °C, Виница 11.6 °C, Битола 12.4 °C, Пожаране 12.6 °C, Гевгелија 14.5 °C и најтопло во текот ан денешниот ден беше во Тетово каде се измерени 14.8 °C.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

 

По денешниот претежно сончев и топол ден погледнете што не очекува утре (недела)

Утре (04.12.2016) и понатаму територијата на Македонија ќе биде под влијание на висок воздушен притисок и на стабилна и сува воздушна маса.

Поради тоа времето ќе биде сончево со умерена облачност.

Во јужната половина од земјава локално ќе има зголемена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен и од североисточен правец.

model_moddeuhd_2016120306_30_954_1

Минималната температура ќе се движи во интервал од -7 до 2 степени.
Максималната температура ќе се движи во интервал од 6 до 12 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Денес (сабота) претежно сончев ден

Денес (03.12.2016) времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Во текот на ноќта кон утрешниот ден ќе има локално зголемување на облачност но нема да донесе никакви врнежи.

gfsopit00_12_1

Максималната температура ќе се движи во интервал од 5 до 13 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!