Монт Еверест – највисоката точка на земјата!

Монт Еверест — според надморската височина на врвот е највисоката точка на земјата. Планината се наоѓа на границата помеѓу Непал и Кина.

Во Непал, планината се вика Сагармата (सगरमाथा, или „Кралица на Небото“ на санскрит). Oва име го измислил Бабурам Ачарја во раните 1960-ти кога непалската влада сфатила дека Монт Еверест нема непалско име. Ова се случило бидејќи за планината не се знаело скоро ништо во етничкиот Непал (долината Катманду и околниот регион). Името кои шерпасите и Тибеќаните го користеле било Чомолангма, но, тоа не било прифатливо, бидејќи било во спротивност со унификацијата и непализацијата на земјата.

Старотo име на планината било Девгири („света планина“ на санскрит) или Девадурга (Англичаните го изговарале диодунга во 19-тиот век); погледнете ја Харапа археолошката веб-страна за повеќе информации и историја на името на планината. Монт Еверест на тибетски се вика чомолунгма или чомолангма (ཇོ་མོ་གླང་མ) (“Мајка на Вселената”), а на кинески: 珠穆朗瑪峰 (пинјин: Zhūmùlǎngmǎ Fēng) или 聖母峰 (Shèngmǔ Fēng).

Во 1865 година Британецот Ендру Скот Во и го дал англиското име на планината. Непал и Тибет биле затворени за странци во тоа време. Ендру го напишал следново за планината:

…Мојот ценет шеф и претходник, полковникот Сер Џорџ Еверест, ме научи да ги именувам сите географски објекти според месните називи. … Но, еве една планина, најверојатно највисоката во светот, за која не можеме да најдеме месно име. Ако воопшто такво име постои, нема да можеме да го пронајдеме сè додека не ни биде дозволено да влеземе во Непал… Во меѓувреме, имам привилегија, но, и задолжение да измислам име кое граѓаните и географите ќе го користат; име кое ќе се користи во секој дом во цивилизираните земји.

Така тој одлучил да ја нарече планината според Џорџ Еверест (чие име правилно е Џон Иврест). Најпрвин името го пишувал „Mont Everest“, но, подоцна го променил во „Mount Everest“. Самиот Џорџ си го изговарал сопственото презиме Иверест, но, одтогаш луѓето генерално го изговараат неговото име исто како планината – Еверест.

Во 2002 година, кинескиот весник Народен дневник објавил статија во која се напаѓа користењето на англиското име во западниот свет. Истата статија инсистирала западниот свет да почне да го користи тибетското име. Денес знаеме дека Кинезите имале карти уште пред 280 години на кои планината била обележена под името Маунт Чомолангма, име коешто сè повеќе станува популарно за користење.

Мерењe

Планината е висока отприлика 8.848 m, но постојат варијации во различните мерења што се имаат извршено. Втора по висина е планината К2 со 8.611 m височина.

Во 1852 година Радханат Сикдар, индиски математичар и прегледувач од Бенгал, бил првиот што го идентификувал Еверест како највисокиот врв во светот. Тој користел тригонометриски пресметувања врз база на мерења кои биле направени со теодолит од далечина од 240 km во Индија. Пред да биде разгледан и именуван, врвот бил наречен „Врв XV“.

На 22 мај 2005 експедиција од Народна Република Кина се искачи на врвот. После повеќе-месечни и комплицирани мерења и пресметувања, на 8 октомври 2005, државното биро за прегледување и мапирање официјално објави дека висината на Еверест е 8.844,43 m ± 0.21 m (29,017.16 ± 0.69 стапки). Тие тврделе дека тоа било најпрецизното мерење извршено до тогаш.[1]. Но, оваа висина е измерена врз база на највисоката точка на самата карпа и не го вклучува снегот и мразот кој се наоѓа врз карпата на самитот. Ова е начинот кој се има користено при мерење на висината на Мон Блан и Хан Тенгри. Кинезите исто измериле дека длабочината на снегот и мразот изнесувала 3,5 m.[4] што значи дека вкупната висина е 8.848 m. Реално гледано, количината на снег и мраз постојано се менува и со тоа висината на планината заедно со снегот е нешто што не можат планинарите да го измерат без користење на софистицирана ГПС опрема.

hith-7-things-you-should-know-about-mount-everest-e