Монт Еверест – највисоката точка на земјата!

Монт Еверест — според надморската височина на врвот е највисоката точка на земјата. Планината се наоѓа на границата помеѓу Непал и Кина.

Во Непал, планината се вика Сагармата (सगरमाथा, или „Кралица на Небото“ на санскрит). Oва име го измислил Бабурам Ачарја во раните 1960-ти кога непалската влада сфатила дека Монт Еверест нема непалско име. Ова се случило бидејќи за планината не се знаело скоро ништо во етничкиот Непал (долината Катманду и околниот регион). Името кои шерпасите и Тибеќаните го користеле било Чомолангма, но, тоа не било прифатливо, бидејќи било во спротивност со унификацијата и непализацијата на земјата.

Старотo име на планината било Девгири („света планина“ на санскрит) или Девадурга (Англичаните го изговарале диодунга во 19-тиот век); погледнете ја Харапа археолошката веб-страна за повеќе информации и историја на името на планината. Монт Еверест на тибетски се вика чомолунгма или чомолангма (ཇོ་མོ་གླང་མ) (“Мајка на Вселената”), а на кинески: 珠穆朗瑪峰 (пинјин: Zhūmùlǎngmǎ Fēng) или 聖母峰 (Shèngmǔ Fēng).

Во 1865 година Британецот Ендру Скот Во и го дал англиското име на планината. Непал и Тибет биле затворени за странци во тоа време. Ендру го напишал следново за планината:

…Мојот ценет шеф и претходник, полковникот Сер Џорџ Еверест, ме научи да ги именувам сите географски објекти според месните називи. … Но, еве една планина, најверојатно највисоката во светот, за која не можеме да најдеме месно име. Ако воопшто такво име постои, нема да можеме да го пронајдеме сè додека не ни биде дозволено да влеземе во Непал… Во меѓувреме, имам привилегија, но, и задолжение да измислам име кое граѓаните и географите ќе го користат; име кое ќе се користи во секој дом во цивилизираните земји.

Така тој одлучил да ја нарече планината според Џорџ Еверест (чие име правилно е Џон Иврест). Најпрвин името го пишувал „Mont Everest“, но, подоцна го променил во „Mount Everest“. Самиот Џорџ си го изговарал сопственото презиме Иверест, но, одтогаш луѓето генерално го изговараат неговото име исто како планината – Еверест.

Во 2002 година, кинескиот весник Народен дневник објавил статија во која се напаѓа користењето на англиското име во западниот свет. Истата статија инсистирала западниот свет да почне да го користи тибетското име. Денес знаеме дека Кинезите имале карти уште пред 280 години на кои планината била обележена под името Маунт Чомолангма, име коешто сè повеќе станува популарно за користење.

Мерењe

Планината е висока отприлика 8.848 m, но постојат варијации во различните мерења што се имаат извршено. Втора по висина е планината К2 со 8.611 m височина.

Во 1852 година Радханат Сикдар, индиски математичар и прегледувач од Бенгал, бил првиот што го идентификувал Еверест како највисокиот врв во светот. Тој користел тригонометриски пресметувања врз база на мерења кои биле направени со теодолит од далечина од 240 km во Индија. Пред да биде разгледан и именуван, врвот бил наречен „Врв XV“.

На 22 мај 2005 експедиција од Народна Република Кина се искачи на врвот. После повеќе-месечни и комплицирани мерења и пресметувања, на 8 октомври 2005, државното биро за прегледување и мапирање официјално објави дека висината на Еверест е 8.844,43 m ± 0.21 m (29,017.16 ± 0.69 стапки). Тие тврделе дека тоа било најпрецизното мерење извршено до тогаш.[1]. Но, оваа висина е измерена врз база на највисоката точка на самата карпа и не го вклучува снегот и мразот кој се наоѓа врз карпата на самитот. Ова е начинот кој се има користено при мерење на висината на Мон Блан и Хан Тенгри. Кинезите исто измериле дека длабочината на снегот и мразот изнесувала 3,5 m.[4] што значи дека вкупната висина е 8.848 m. Реално гледано, количината на снег и мраз постојано се менува и со тоа висината на планината заедно со снегот е нешто што не можат планинарите да го измерат без користење на софистицирана ГПС опрема.

hith-7-things-you-should-know-about-mount-everest-e

Фото: Зелен снег падна на Сибир

На Сибир падна зелен снег кој предизвика паника.

Сепак властите велат дека нема место за паника, флуроцентниот зелен снег бил добиен како реакција на хемиската фабрика која испуштила големо ниво на хром во воздухот.

zelensnegyj56u56u56u5656

 

ВИКЕНД ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Погледнете какво време не очекува и дали ќе биде за прошетка на отворено

За време на овој викенд територијата на Македонија ќе биде под влијание на висок воздушен притисок и на стабилна и сува воздушна маса.

ecm1-48

Поради тоа времето ќе биде сончево со умерена облачност која во јужните предели повремено ќе се зголемува.

Утрата ќе бидат МНОГУ СТУДЕНИ со минимални температури кои ќе се движат во интервал од -9 до 1 степен. На повисоките места и на планините повторно температурите е можно да се спуштат под -10 степени.

Максималните температури ќе се движат во интервал од 1 до 10 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

АМСМ: Погледнете каде денес има прекин на сообраќајот

ИЗМЕНЕТ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Градежната компанија Трансмет Доо Скопје изведува градежни работи за реконструкција на државен пат А2, делница: Обиколница Скопје, од клучка Сингелиќ до клучка Смилковци. Со почеток од 02.12.2016 година се воведува времена измена на режим на сообраќај, согласно Одобрение број 22.2-72149/2 со датум 18.11.2016 година издадено од Министерството за транспорт и врски на РМ.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: На 27.11.2016 година во 11:30 часот целосно е затворен за сообраќај регионалниот пат Р1309 с.Грдовци-с.Зрновци, поради рушење на мостот на река Брегалница и изградба на нов мост.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15-ти Ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2017 година.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

РАБОТИ НА ПАТ:

ГД Гранит АД Скопје поради градежни активности на автопатот А1, коридор 10 од 114+673 км. до 126+272 км. од 22.11.2016 (вторник) ќе воспостави времен режим на сообраќај на автопатот А1, коридор 10 од клучка Неготино до клучка Демир Капија. Сообраќајот ке се одвива во насока од Скопје кон Гевгелија и Атина по регионалниот пат Р1102.

Од 19.10.2016 год. од 13:00ч. врз основа на одобрение 0302-737/Х од Страбаг АГ Подружница Страбаг, а во врска со одобрен проект за рехабилитација на државен пат А1 Куманово – Миладиновци извршена е измена на режим на сообраќај од 15+500 до 20+500 км, после наплатна станица Романовце сообраќајот се одвива по десна (спора), а лентата за возење и престигнување е затворена за сообраќај каде е поставена сообраќајна сигнализација за времена измена.

Од 20.06.2016 година е воспоставена времена измена на режим на сообраќај на магистрален пат А3, делница клучка кај с.Кадрифаково – клучка кај с.Три Чешми. Пренасочувањето на сообраќајот е по регионалниот пат Р526.

Од градежната фирма КЕДИНГ известуваат дека на патниот правец Гостивар – Кичевона 2 км пред планинскиот премин Стража , поради изведување градежни работи (санација на мост) сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Поставена е соодветна сообраќајна и светлосна сигнализација.

Според сообраќајниот проект тех.бр.155/2015 за времена измена на сообраќајот на патен правец Скопје – Миладиновци – Куманово сообраќајот се одвива (десно после наплатна станица Миладиновци) преку автопатот Куманово – Велес се до клучката кај аеродромот Александар Велики до приклучокот на автопат Велес – Куманово.

Oд 15.01.2016 година, на патниот правец Кадрифаково – Штип, од км. 217+818 до км. 219+918, од 08:00 – 16:00 часот ПРО ГЕО ДОО КУМАНОВО врши геодетски мерења согласно добиените дозволи. Имено, се врши геодетско снимање на асфалтниот дел од трупот на патот на потегот од Клучка Штип до с. Три Чешми. Сообраќајот во моментот на мерењето се одвива согласно Сообраќаен проект за времено одвивање на сообраќајот и со соодветна сообраќајна сигнализација.

Градежно Друштво “Гранит” АД Скопје РЕ Свети Николе – Штип изведува градежни работи за градба на државниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од км 26+396,00 до км 47+107,00. Со почеток од 21.05.2015 целосно е затворена делницата од км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково) и ова затворање ќе трае до целосно завршување на активностите (период од 2 години). Целокупниот сообраќај се пренасочува преку регионалниот пат P 1204. Сите активности се во согласност со Одобрението за времен режим на собраќај бр.1005 од 28.мај.2014 година издадено од Министерството за транспорт и врски на Р.Македонија .

Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим и тоа:
– од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово,
– и од с. Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково.

Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.

bulevar-boris-trajkovski-740x492

Поради продор на малку потопла воздушна маса од југ денешниот ден ќе биде потопол

Денес (02.12.2016) времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Повеќе облачност ќе има во западните предели каде ќе има услоиву за слаб локален дожд и снег на планините.

Ќе дува слаб до умерен а во западните предели повремено засилен ветер од западен правец.

Температурата ќе се движи во интервал од 5 до 12 степени.

6-778gr

Во вечерните часови услови за слаб локален дожд на ниските и слаб снег на повисоките места и на планините ќе има во источните предели.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!