Вечерва почувствуван нов земјотрес во Македонија кој е со епицентар во Грција

Вечерва повторно нов земјотрес ги вознемири граѓаните на Македонија и истиот е почуствуван во југоисточна и јужна Македонија.

Земјотресот се случи во 18:36 часот и беше со интензитет од 4.2 степени според рихтер.

549345-local

Епицентарот на земјотресот е на 22 километри јужно од Дојран во Грција.

Претстојната ноќ МНОГУ СТУДЕНА: Температурите одат длабоко под нулата

Во текот на претстојната ноќ и утре изутрина времето во Македонија ќе биде ведро и МНОГУ студено со умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималните температури ќе бидат МНОГУ НИСКИ и ќе се движат во интервал од -11 до -3 степени. На високите места и на планините температурите ќе бидат уште пониски и ќе се спуштат околу или под -15 степени.

12-778gr

Утре (01.12.2016) времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, во источните предели повремено засилен ветер од северен правец.

Максималната температура утре ќе биде малку повисока во однос од денешната и ќе се движи во интервал од -1 до 7 степени.

На следната карта можете да ја погледнете аномалијата на температурата во текот на претстојната ноќ

gfs_t2ma_eu_3

Температурите кои се очекуваат ќе бидат дури за околу 15тина степени пониски од просечните.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

СНЕЖНА ИДИЛА НА СКИЈАЧКИТЕ ЦЕНТРИ ПОПОВА ШАПКА И МАВРОВО: Погледнете како изгледаат во моментов

192-168-178-126_01_20161130114132_timing

192-168-213-125_01_20161130114100637_timing

СООБРАЌАЈОТ НИЗ МАКЕДОНИЈА СЕ ОДВИВА ВО ЗИМСКИ УСЛОВИ

НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ: Од 22 часот патниот правец Штип – Неготино е пуштен за сообраќај.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива по влажни коловози и на повисоките места со остатоци од кашест снег на коловозите.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: На 27.11.2016 година во 11:30 часот целосно е затворен за сообраќај регионалниот пат Р1309 с.Грдовци-с.Зрновци, поради рушење на мостот на река Брегалница и изградба на нов мост.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15-ти Ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2017 година.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.

РАБОТИ НА ПАТ:

ГД Гранит АД Скопје поради градежни активности на автопатот А1, коридор 10 од 114+673 км. до 126+272 км. од 22.11.2016 (вторник) ќе воспостави времен режим на сообраќај на автопатот А1, коридор 10 од клучка Неготино до клучка Демир Капија. Сообраќајот ке се одвива во насока од Скопје кон Гевгелија и Атина по регионалниот пат Р1102.

Од 19.10.2016 год. од 13:00ч. врз основа на одобрение 0302-737/Х од Страбаг АГ Подружница Страбаг, а во врска со одобрен проект за рехабилитација на државен пат А1 Куманово – Миладиновци извршена е измена на режим на сообраќај од 15+500 до 20+500 км, после наплатна станица Романовце сообраќајот се одвива по десна (спора), а лентата за возење и престигнување е затворена за сообраќај каде е поставена сообраќајна сигнализација за времена измена.

Ве известуваме дека од 09.08.2016 година на магистрален пат А1, делница Велес- Катланово за време на санација, поставување на сигнализација и обележување на тунел , извршена е времена измена на режимот на сообраќај каде непосредно пред тунелот за сообраќај е затворена левата (брзата) лента.Сообраќајот се одвива по десната (спората) лента за сообраќај, а во самиот тунел сообраќајот се одвива по левата лента.

Од градежната фирма А.Д. Илинден- Струга известуваат дека на Државниот Пат А3 делница Ресен- Буково, се извршуваат градежни работи, рехабилитиација на патниот правец, кои предвидено е да траат до Ноември 2016 година. Поради тоа на наведената делница се применува изменет режим на сообраќај кој на одредени делови се одвива по една коловозна лента за што се поставени семафори кои предвидуваат застој во сообраќајот од 3 до 5 минути.

Од 20.06.2016 година е воспоставена времена измена на режим на сообраќај на магистрален пат А3, делница клучка кај с.Кадрифаково – клучка кај с.Три Чешми. Пренасочувањето на сообраќајот е по регионалниот пат Р526.

Од градежната фирма КЕДИНГ известуваат дека на патниот правец Гостивар – Кичевона 2 км пред планинскиот премин Стража , поради изведување градежни работи (санација на мост) сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Поставена е соодветна сообраќајна и светлосна сигнализација.

На патниот правец А3 Битола – Макази, после клучката за с. Ротино во правец на Макази, се изведуваат градежни работи на едната коловозна лента. Сообраќајот се одвива по другите две коловозни ленти. Препорачуваме внимателно возење на оваа делница.

Според сообраќајниот проект тех.бр.155/2015 за времена измена на сообраќајот на патен правец Скопје – Миладиновци – Куманово сообраќајот се одвива (десно после наплатна станица Миладиновци) преку автопатот Куманово – Велес се до клучката кај аеродромот Александар Велики до приклучокот на автопат Велес – Куманово.

Oд 15.01.2016 година, на патниот правец Кадрифаково – Штип, од км. 217+818 до км. 219+918, од 08:00 – 16:00 часот ПРО ГЕО ДОО КУМАНОВО врши геодетски мерења согласно добиените дозволи. Имено, се врши геодетско снимање на асфалтниот дел од трупот на патот на потегот од Клучка Штип до с. Три Чешми. Сообраќајот во моментот на мерењето се одвива согласно Сообраќаен проект за времено одвивање на сообраќајот и со соодветна сообраќајна сигнализација.

Г.Д.Гранит А.Д. Скопје, ОЕ – Нискоградба Исток изведува реконструкција и надградба на автопат, делница Смоквица – Гевгелија, како дел од Коридорот 10. Ве известуваме дека сообраќајот се одвива под времен режим.

Друштвото АСФАЛТ ДОО Скопје известува дека поради продолжување на градежните работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатна станица Романовце, на државниот пат А1, делница Куманово – наплатна станица Романовце и обратно, сообраќајот се одвива согласно добиено одобрение за времена измена на режимот на сообраќајот, издадено од Министерството за транспорт и врски на Р. Македонија на25.05.2016. Предметната сообраќајна согласност е со рок на важност од 6 (шест) месеци сметано од денот на издавање на одобрението.
Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.

Градежно Друштво “Гранит” АД Скопје РЕ Свети Николе – Штип изведува градежни работи за градба на државниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од км 26+396,00 до км 47+107,00. Со почеток од 21.05.2015 целосно е затворена делницата од км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково) и ова затворање ќе трае до целосно завршување на активностите (период од 2 години). Целокупниот сообраќај се пренасочува преку регионалниот пат P 1204. Сите активности се во согласност со Одобрението за времен режим на собраќај бр.1005 од 28.мај.2014 година издадено од Министерството за транспорт и врски на Р.Македонија .

Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим и тоа:
– од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово,
– и од с. Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково.

Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.

patishtata-se-zaveani-od-sneg-otezhnat-e-soobrakjajot-250026

Денес (среда) сончев но МНОГУ СТУДЕН ден

Денес (30.11.2016) територијата на Македонија ќе подпадне под влијание на висок воздушен воздушен притисок и на стабилна и сува воздушна маса која насекаде ќе услови престанок на врнежите од снег и намалување на облачноста.

Поради тоа денес времето ќе биде сончево и МНОГУ СТУДЕНО со умерена локална облачност.

Ќе дува умерен, на некои места повремено засилен ветер од северен правец.

12-778gr

Температурата ќе се движи во интервал од -4 до 4 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Утрово најниска измерена температура во Македонија од -12.4 степени

Ова утро веќе во делови од земјава облачноста е намалена и времето е ведро и многу студено со умерена облачност. Во Битола сеуште провејува слаб снег.

Претпладнево насекаде облачнсота ќе се намали и врнежите насекаде ќе престанат.

Евејги денешните минимални температури измерени во Македонија.

Маврово -12.4°C, Лазарополе -9.4°C, Ѓуриште -7.5°C, Пожаране -6.8°C, Тополчани -6.1°C, Берово -5°C, Крива Паланка -5°C, Претор -4.5°C, Прилеп -3.8°C, Битола -3°C, Охрид -2.8°C,Тетово -2.2°C, Виница -2°C, Штип -1.9°C, Демир Капија -1.6°C, Скопје Петровец -1.5°C, Скопје Зајчеврид -1.4°C, Струмица -0.6°C и највисока и позитивна температура на воздухот утрово е измерена во Гевгелија и тоа 1.1°C.

meteo30-12-2014-625x351

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

СТУДЕН БРАН: Утрешниот ден стабилен но со многу ниски температури

Утре (30.11.2016) се очекува стабилизирање на временската состојба во Македонија и престанок на снежните врнежи.

Времето ќе биде сончево и МНОГУ СТУДЕНО со умерена локална облачност.

Ќе дува умерен, на некои места засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -10 до -3 степени, на високите места можно е да се спушти до околу -15 степени.

gfsopit06_30_5

Максималната температура ќе се движи во интервал -4 до 3 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

Најголемиот дел од Македонија под бела покривка: Студениот бран пристигна и го донесе првиот снег (ФОТО)

Како што и најавивме територијата на Македонија веќе ја зафати продорот на МНОГУ СТУДЕН воздух кој се спушта од североисточна Европа.

Овој студен бран го донесе првиот снег  во најголемиот дел од земјава.

Погледнете ја галеријата:

Струга (29.11.2016)

15289316_1025630560899882_8812258915982400809_o

Охрид (29.11.2016)15271773_10210093848290183_907818572666737432_o

Ташмаруништа – Струшко (29.11.2016)

15231485_1217326101686052_238279615_o

Патот пред Кичево (29.11.2016)

15231536_10209056449146536_1172796191_o

Кочани (29.11.2016)

15232090_1829227990624051_7041876601951307734_n

Штип (29.11.2016)

15281125_894620610669203_447759711_n

Тетово (29.11.2016)

15202750_691621701011762_4327727030741420880_n

Свети Николе (29.11.2016)

15235584_1270692762989111_993567060202175084_o

Куратица (29.11.2016)

15230817_1353856614633045_923065398145510872_n

Попова Шапка (29.11.2016)

192-168-178-126_01_20161129094131_timing

Пресека (29.11.2016)

15241330_10205802037410087_1973057278632929618_n

Стража (29.11.2016)

15179114_1376035682409368_264505067287020524_n

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

 

 

 

Утрешниот ден (вторник) ни носи вистинска ЗИМА

Утре (29.11.2016) територијата на Македонија ќе биде под влијание на влажна и МНОГУ СТУДЕНА воздушна маса која се спушта од североисточна Европа.

Поради тоа утре (вторник) времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од снег. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет.

Се очекува формирање на помала снежна покривка на повеќе места во Македонија а на повисоките места и на планините истата ќе се зголеми.

gfs_asnow_eu_7

Ќе дува засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -7 до 0 степени.
Максималната температура ќе се движи во интервал од -4 до 2 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

 

СНЕЖНАТА ИДИЛА ЗАПОЧНА: Снег паѓа на скијачките центри Попова Шапка и Маврово

Многу студената воздушна маса веќе започна да се спушта кон Македонија.

Врнежите од дожд на повисоките места  и на планините поминуваат во врнежи од снег.

Денес во вечерните часови како и во текот на ноќта кон утрешниот ден и утре (вторник) врнежи од снег ќе има  и во пониските места од Македонија.

Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет и се очекува формирање на помала снежна покривка  и во пониските места.

Во продолжени погледнете како изгледаат скијачките центри Попова Шапка и Маврово:

192-168-178-126_01_20161128154131_timing

192-168-213-125_01_20161128154102269_timing

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!