Денешниот ден ни носи доста топло време!

Денес (01.10.2016) времето во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.

Температурата ќе се движи во интервал од 22 до 30 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

Астрономски календар за денес (01.10.2016)

Денес е сабота, 1 октомври 2016 година, 275-иот ден во годината.
Сонцето изгреа во 6:31, а ќе зајде во 18:15 часот.

Денот ќе трае 704 минути.

ПРВИОТ СНЕГ ПРИСТИГНУВА ВО ВТОРНИК: Студен бран се симнува кон Македонија, можен снег на планините – предупредување за земјоделците!

Од (04.10.2016) поради продор на доста студен воздух од североисточна европа се очекува голем пад на температурите и северен ветер кој ќе предизвика на планинските места да падне првиот снег за оваа сезона.

14479714_1061569193958787_4689101893618852219_n

Утринските температури во текот на следната недела се очекува да паднат под 0 степени. Многу пониски ќе бидат и максималните температури.

Информација до земјоделците:

Со оглед на тоа дека во текот на следната недела се очекува голема промена на времето (големо заладување и локални послаби врнежи од дожд) сево ова ќе овозможи за престанок на работата на земјоделските култури.

Исто така наутро температурите понекаде се очекува да се спуштат под 0 степени па затоа ве советуваме со време да ги заштитете вашите земјоделски култури од појава на мраз.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

ИСЛАНД ГИ ИСКЛУЧИ СВЕТЛАТА: Поларната светлина приреди спектакл за Исланѓани

Аurora Бorealis инаку познат како поларна светлина често може да се види над Исланд во периодот од септември па се до мај.

Во средата во текот на вечерните часови во главниот град на Исланд (Рајкјавик) уличните светла беа исклучени така да граѓаните на овој град можеа да уживаат во танцот на небото и во поларната светлина.

Исто така жителите на овој град беа охрабрени да ги исклучат светлата и од своите домови и тотално да се вклучат во уживањето на поларната светлина.

Како настанува поларната светлина и што точно значи?!

Поларната светлина е природна појава на светлина на небото, особено во поларните региони, предизвикана од судирот на наелектризираните честички под влијание на магнетното поле на Земјата.

Поларната светлина обично се забележува ноќе, а настанува во јоносферата.

Таа е позната и како поларна аурора или колективно, како поларни светлини (аурори).

Овие феномени обично се видливи помеѓу 60 и 72 степени северна и јужна географска ширина, со што се ставаат во рамките на Северниот и Јужниот поларен круг. Поларните светлини настануваат подлабоко во поларните региони, но тие се реткост и често се невидливи за голо око.

Видеото во врска со ова можете да го погледнете тука:

Погледнете ја оваа прекрасна фотографија од преубавото Скопје

Информација до земјоделците:

Со оглед на тоа дека во текот на следната недела се очекува голема промена на времето (големо заладување и локални послаби врнежи од дожд) сево ова ќе овозможи за престанок на работата на земјоделските култури.

Исто така наутро температурите понекаде се очекува да се спуштат под 0 степени па затоа ве советуваме со време да ги заштитете вашите земјоделски култури од појава на мраз.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

НАЈАВА: СТУДЕН БРАН ДОАЃА КОН БАЛКАНОТ,ЌЕ ГО ДОНЕСЕ ПРВИОТ СНЕГ НА ПЛАНИНСКИТЕ МЕСТА.

Од (04.10.2016) поради продор на доста студен воздух од североисточна европа се очекува голем пад на температурите и северен ветер кој ќе предизвика на планинските места да падне првиот снег за оваа сезона. Повеќе детали наскоро!

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!

Кога и каде е измерена најниската температура во Македонија?!

Најниска температура во Македонија е измерена во 1954 година  и тоа во Берово (-31,5°C)

Ваквата температура во Македонија е евидентиран како најниска температура од 1925 година.

Највисока снежна покривка во Македонија е забележана во 2006 година и тоа на Попова Шапка (215 цм).

Утрешниот ден ни носи доста топло време!

Утре (01.10.2016) времето во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.

Температурата ќе се движи во интервал од 22 до 30 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

Астрономски календар за денес (30.09.2016)

Денес е петок, 30 септември 2016 година, 274-иот ден во годината.

Сонцето изгреа во 6:30, а ќе зајде во 18:17 часот.

Денот ќе трае 707 минути.

Месечината ќе изгрее во 05:44 часот а ќе зајде во 18:12 часот.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!